Фаќач на крст – едноставна но препознатлива убавина
Велешанецот Ангел Коруноски ќе го изработи спомен обележјето посветено на празникот Богојавление – Водици, во Охрид. Неговото идејно решение од понудените 4, едногласно беше избрано од страна на Одборот за подигање на спомен одбележја.
Ангел Коруноски од Велес е авторот на делото „Фаќач на крст“. Станува збор за уметникот кој треба да ја изработи скулптурата од бронза, маж кој високо над главата држи свет крст, која треба да биде поставен на просторот помеѓу охридското пристаниште и котвата, поточно на местото од каде капачите тргнуваат по светиот крст за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Оваа одлука ја донесе Одборот за подигање на спомен обележја при Локалната самоуправа Охрид. „Направивме вистински избор, пред нас е еден импозантен автор кој пред се е докажан во земјава“, вели Душко Јаковчески, претседателот на Советот на Охрид.
„Немаше некое нагласување, сметавме да направиме така и испадна одлуката да биде донесена со консензус, односно едногласно од сите претставници на одборот“ – нагласи Јаковчески.
Коруновски со своето дело изработка на скулптура, спомен обележје за манифестацијата Богојавление – Водици „Фаќач на крст“, за прв пат ќе има можност да се претстави пред охриѓани. Убавината е во едноставноста и препознатливоста, вели авторот.
„Идејата ми беше едноставна, значи кога размислував што да направам прво размислуваме од теолошки аспект. Затоа одлучив тоа да биде еден човек наш херој кој го фаќа крстот во тие денови на Водици, да биде еден пливач кој е асосцијација на самиот град“.
Спомен обележјето за Водици кое во рок од 6 месеци треба да го изработи Коруновски, е подарок за градот од минатогодишниот кум на манифестацијата Богојавление, Ванчо Чифлиганец, кој за таа намена издвои 2,5 милиони денари. Висината на скулптурата ќе биде околу 3 и пол метри а постаментот ќе биде висок околу 2 метри.
{loadposition content9}