Skip to main content

Фалат средства од општинскиот буџет

Буџетот на општина Охрид за 2011 година, не е исполнат и  недостасуваат средства од приход.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica sovet
седница совет

Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ укажува за низа пропусти во врска со трошењето на средствата од минатогодишниот буџет. Тоа не влијаеше врз ставот на останатите советници за да ја изгласаат точката, Предлог Одлука  за усвојување на Извештајот за остварените приходи и извршените трошоци на  буџетот и завршната сметка на буџетот  Општина Охрид  за 2011 година. Советникот Паноски рече дека има недостаток на капитални инвестиции и во никој случај интервенциите за зафати од комуналната сфера неможат да се препишат како капитални проекти. Тој побара отчет од Локалната за граѓаните да знаат каде се потрошени нивните средства од буџетот за 2011 год.

sovetnici okПетрески во одбрана на низата напади од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, им порача дека ја погрешиле адресата на која ги кажале обвинувањата за недомаќинско трошење на буџетските средства, како и тоа дека изнесуваат невистини. Тој ги упати да се обратат до Владата.

Петрески смета дека реализација на буџетот од 96,42% за 2011 година, не е за потценување. Според него, ниту Владата, ниту било која друга општина неможе да се пофали со ваков податок. Тој остатокот до 100% на остварување на буџетот, го препиша како опструкција на Владата во нејзиното донесување на одлуки и измени на закони, кои негативно се одразиле врз зацртаниот општински буџет. Како пример на една таква одлука, Петрески го посочи продавањето на државно земјиште за 1 евро по метар квадратен, кое земјиште минатата година кога го проектирале буџетот, се продавло по пазарна цена.

{loadposition content9}