Skip to main content

Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух

Охридските фармацефти успешно ја завршија обуката за комуникација со глуви и наглуви лица. Бенефитот од овие обуки е обостран затоа што фармацевтите ќе можат да остварат вистинска комуникација со овие лица, а пациентите добиваат можност да ја остварат својата комуникација на квалитетен начин.

 |  Јаковлева Лионела  | 
apteka
аптека

 

Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух. Тие успешно ја завршија обуката за комуникација со глуви и наглуви лица која ја спроведе националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Обуката била многу интересна и корисна и за фармацевтите и за глувите лица.аптека

Досега лицата со оштетен слух навистина има проблем. Тие ќе му ја дадеа рецептата на апотекарот и тој ќе им го дадеше бараниот лек но не можеше да се воспостави една подобра комуникација. Не можеа да прашаат како лекот се употребува на пример пред или после јадење, на колку часа треба да се зема дали има некакви нус појави и тн., вели Славица Стефаноска, секретарот на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид.

Обуката траела околу 4 месеци. Фармацевтите биле распоредени во три групи во неколку градови низ земјава. Обуките ги вршеле стручни лица кои  се сертифицирани да го работат знаковениот јазик.apteka

Бенефитот од овие обуки е многустран затоа што фармацевтите од една страна добија познавања од комуникациски вештини за да можат да ја остварат вистинската комуникација со лицата со кои таа е отежната. Со тоа добиваат подобри познавања и подобро се пласираат на пазарот на трудот. Од друга страна пациентите добиваат можност да ја остварат својата комуникација на квалитетен начин, вели Бистра Ангеловска, прет. на Фармацевтска комора на Македонија.

Во Охрид лицата со оштетен слух толкувачи на знаковен јазик можат да најдат во аптеките Виола Охрид, Виола 2, аптеката од Општата болница, аптеката Зегин и аптеката Луна. Инаку, во државава има 120 аптеки кои имаат лиценцирани толкувачи на знаковниот јазик.  Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов изјави дека вакви обуки се планира да им се овозможат и на лекарите и додаде дека ќе продолжат со обуките на толкувачите на знаковниот јазик, со тоа што до крајот на годината очекуваат лиценцирање на дополнитени 40 нови толкувачи.

{loadposition content9}