Фатен кичевчанецот кој оперирал во Слатино
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин. Во пријавата опфатени се уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и Д.А.(40) од селото Долно Страгомиште-кичевско, за сторено казнено дело „помагање“. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена.
На 21 овој месец околу 23 часот, тројцата пријавени, во казино во Кичево направиле договор да одат во охридското село Слатино и да извршат кражба. Притоа првопријавениот А.А. на третопријавениот Д.А. му дал 50 евра со возило да ги однесе до селото по што му ветил дека дополнително ќе му исплати уште 50 евра.
Тројцата пријавени, со патничко моторно возило марка „Форд Фиеста“ со прилепски регистарски таблици, од Кичево се упатиле кон охридското село Слатино. Кога пристигнале во селото А.А. му кажал на Д.А. да остане во возилото и да ги чека кај селската црква, по што тој, со засега непознатиот се упатиле во куќа кај жител на селото за кој претпоставувале дека има пари. Тие влегле во куќата со употреба на сила кршејќи ја влезната врата од спратот, но не успеале да одземат ништо бидејќи биле забележани од соседот по што веднаш избегале.
Од страна на неколку жители на селото, кај месноста „Оздоленска раскрсница“ сочекано е и застанато патничкото моторно возило „Форд Фиеста“ со кое Д.А. сам се обидел да избега. Истиот околу 04 часот е приведен во СВР Охрид и лишен од слобода. СВР Охрид презема дополнителни мерки за целосно расчистување на овој настан.
{loadposition content9}