Фатена криминалната група која ги ограби златарите во Охрид, Струга и Дебар
Полициски експертски тимови од Албанија и Македонија во Охрид ги разгледуваат можностите за интензивирање на соработката во идентификувањето и справувањето со организираниот криминал. Директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков и директорот на полицијата на Република Албанија, Артан Диди, едногласни дека досегашната соработка на двете полиции покажала резултати. Како потврда на тоа беше посочено откривањето на криминалната група што изврши серија грабежи во златарници во струшко-дебарскиот регион.
Уапсена криминалната група која изврши вооружени грабежи и разбојништво во златарите во Охрид, Струга и Дебар. Како што истакна директорот на македонското биро за јавна безбедност, Митко Чавков тоа пред се се должи на добрата соработка со албанското МВР. Додаде дека успешната реализација овој случај, било резултат на брза размена на информации и заеднички оперативни активности на македонската и албанската полиција .
„Се работи за кримиална групација која што има многу поширок меѓународен аспект во кримаиналните активности според заедничките информации тие се албански државјани и се инволвирани односно одговорни се кривични дела од тој тип на вооружени грабежи и пошироко во држави од ЕУ, така да досега со размена на информации и докази успеавме да го заокружиме тој случај и можеме да кажеме дека вчера се веќе приведени еден дел од гупата, за другиот дел од групат сеуште се трага имаме сигурни информации дека се во држави од ЕУ“– вели Чавков.
Чавков на денешниот работен состанок во Охрид со колегите од Албанија, истакна дека приведувањето на разбојничката група е само еден добар пример за успешната соработка на македонската и албанската полиција. Тој подвлече дека крајната цел е да се спроведуваат заеднички истраги со отварање на заеднички оперативни тимови и можно вклучување на обвинителствата од двете земји.
„Целта на работниот состанок е свесноста на двете полиции за императивот во борбата против организираниот криминал, меѓународната соработка на мултилатерално и билатерално ниво со РА, во тој контекс во рамките на состанокот интенцијата е да направиме еден пресек и анализа на досегашната соработка со албанската полиција, да ги идентификуваме и утврдиме заедничките приоритети во иднина и особено целта ни е да обезбедиме една проактивна предност во тековното полициско работење и во соработката преку идентификувањето на лица и криминални групи кои се вклучени во тренснационалниот орган изиран криминал“ – изјави Чавков.
Директорот на албанската полиција Артан Диди нагласи дека неопходна е соработката помеѓу македонските и албанските полициски служби.
„Ове е дна средба која ја оценува досегашната соработка, како и да се анализираат проблемите кои што досега ги имавме и да се евидентираат овие проблеми, се со цел за да ја развиваме оваа соработка и да постигнеме што поуспешни резултати со оваа борба против организираниот криминал“ – нагласи Диди.
Полициски експертски тимови на двете држави предводени од Чавков и Диди и во текот на утрешниот ден ќе ги разгледуваат можностите за интензивирање на соработката во идентификувањето и справувањето со организираниот криминал.
{loadposition content9}