Фатени прилепчани кои „оперирале“ низ Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторени дванаесет казнени дела „тешка кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(44) и Д.М(43) двајцата од Прилеп.
Поради постоење основи на сомнение за сторени дванаесет казнени дела „тешка кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(44) и Д.М(43) двајцата од Прилеп.
Полициските инспектори, на 21 мај оваа година околу 12 часот, ги затекнаа двајцата пријавени при употреба на подесен алат и обивање на блиндор врата во стан на петтиот кат на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид. При личен како и претрес во нивното патничко моторно возило, пронајдени се инбус клучеви, мини метална округла шипка, една мини плосната шипка, една метална пинцета, два скалпери, еден француски клуч, еден штрафцигер и една зипер кесичка со пет пластични портокалови мунистри. Претходно, двајцата пријавени пристигнале во Охрид со патничко моторно возило „Хонда Акорд“ црна боја со бугарски регистарски таблици.
Пријавените биле посебно специјализирани за употреба на подесен алат за обивање на блиндор врати а кривичните дела ги сториле во Охрид од септември минатата до мај оваа година во периодот од 07 до 17 часот. Откако ќе sвонеле и затропале на становите каде ќе забележеле блиндор врати и ќе констатирале дека во станот нема никој, тие со вешто користење на алатите, ги разбивале блиндор вратите и успевале да влезат во становите.
Притоа вршеле пребарување и одземале пари сокриени во метални каси, во ташни, во плакари. Пронаоѓале и одземале златен накит со циркони со жолто и бело злато, златни прстени, обетки и белегзии, златни и сребрени монети, рачни вредни часовници од различни марки, сребрени ланци и Сваровски накит, венчален фустан. Покрај тоа, одземале пасоши и други лични и вредни семејни документи.
На овој начин, двајцата пријавени се стекнале со противправна имотна во вредност над 300.000 денари.