Skip to main content

Фестивалот „Охридско лето“ збогатен со многу технички новитети

Објавена целосната уметничка програма на 53-то издание на фестивалот „Охридко лето“, a беа презентирани и цените на влезните билети  со што, фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните музички уметници и сценските изведби на реномираните театарски куќи.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Најавената уметничка програма на 53-то издание на фестивалот „Охридко лето“ останува непроменета. На денешената прес конференција покрај програмата, беа  презентирани и цените на влезните билети, кои годинава ќе се движат од 250-1200 денари, а од овој петок, билетите веќе ке бидат во слободна продажба. Така,  фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните музички уметници и сценските изведби на реномираните театарски куќи.

„Околу програмата немаме промени и измени. Како што ја најавивме, така за среќа одиме. Размислувавме дали со затворањето да одиме во предворје на Св.Софија или Центарот за култура, но небевме сигурни дали ќе биде ладно или не, решивме да одиме во Центарот за култура“ изјави директорката на фестивалот Елизабета Јанкуловска.

прес Дирекотрката Јанкуловска додаде дека сцената на Антички театар ќе биде покриена, а се во интерес на квалитетно одржување на фестивалот.

Во делот на новитети, маркетинг менаџерот на фестивалот Илија Куртевски, ги презентира и редизајнираната веб страна, новиот насловен дизајн и дизајнот на билетите на фестивалот кои и годинава остануваат во знакот на современиот минимализам.

„Минатата година ни беше жолта амплитуда, годинава прерасна во скалила и како што се движиме и напред, така се погоре и погоре се движи и „Охридско лето“. Имаме и нов тизер изработен во стилот на Пиксар, кој трае девет секунди и е момент на високо достигнување во дизајнот, како графички, така и мултимедија“, обајсни Куртевски.

Уште еден од новитетите е  мобилната апликација за потребите на Охридско лето, која ќе работи на три платформи: Android, iOS и BlackBerry.

„Тоа што е новитет, е што апликацијата ќе содржи и систем за лојалност на корисници, преку кој крајните корисници, ќе може да добиваат одредени награди, попусти и награди од страна на фестивалот“, објасни Нико Карас еден од косопствениците на „Кодвел“.

И од „Охридско лето“ се надеваат дека, оваа апликација ќе биде лесна за користење и ќе обезбеди одлично искуство преку динамичко информирање на корисниците.

{loadposition content9}