Skip to main content

Денеска започнува Фестивалот на пчелни производи од локални пчелари „Пчели и мед“

Фестивалот ќе започне од 16:00 часот на плоштадот Крушевска република и ќе трае до недела.
 |  инфодеск  | 

Денеска од 16 часот, на плоштадот Крушевска Република, ќе започне манифестација „Пчели и мед“ во организација на Пчеларското здружение Охрид.

На манифестацијата која ќе трае до 10-ти август( недела) локалните пчелари ќе го изложат својот мед и пчелни производи, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните племенити вкусови и специфичности на охридскиот мед.
-Ги очекуваме сите љубители на пчелни производи, сите љубители на природата, дечињата и сите добронамерни посетители, порачуваат од Пчеларското здружение Охрид.