Skip to main content

Се возобновува фестивалот на сирење и вино

Сирење и вино во Охрид. После петгодишна пауза се возобновува фестивалот на сирење и вино. На истата оваа манифестација ќе биде промовирана и плашицата бидејќи е еден препознатлив бренд на градов.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vino
вино

 

Се возобновува фестивалот на сирење и вино. После петгодишна пауза оваа дегустаторско-продажна манифестација  повторно ќе се одржи и тоа во средината на август, најавуваат од Локалната. Овојпат тој ќе има регионален карактер па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија како и од Корча , Албанија. Виното и сирењето не се карактеристични за ова поднебје но организаторот смета дека на фестивалот охридски шмек ќе му даде плашицата. сирење

На истата оваа манифестација ќе биде промовирана и плашицата бидејќи е еден препознатлив бренд на градов. Ќе бидат понудени специјалитети од плашица кои ќе се нудат на посебни штандови, вели Ѓоко Апостолов-Сектор за ТЛЕР.

Од Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“ ја поздравуваат оваа иницијатива на Локалната, но прашуваат зошто плашицата се меша со сирењето и виното. Тие изработиле проект за востановување на фестивал на плашицата кој требало да се одржи во средината на септември како би се продолжила туристичката сезона. Фестивалот бил замислен да трае четири дена за време на кои би се одржувале  меѓународни натпревари во подготвување рибна чорба од плашица и други специјалитети од оваа риба. Сето тоа би било пропратено со богата културно умртничка програма. Проектот чинел околу 740 000 ден. од кои 25% од трошоците требало да ги покрие риболовното друштво, а другите требало да ги издвои Локалната. Проектот уште пролетта го доставиле до Општината.sirenje

-На веб страната на Локалната самоуправа излезе дека  ни е одобрен проектот. Отидовме да потпишиме кога гледаме дека во договорот ни се одобрени само 15 000ден. Со кои можат да се покријат само трошоците за печатење на проектот. Затоа не го потпишавме договорот и се откажавме од тоа, вели Радован Димитриески-претседателот на СРД Св. „Апостол Петар“.

Инаку, Фестивалот на вино и сирење прв пат се одржа во 2004- та година во организација на Федерацијата на фармери на Македонија со помош на Министерството за земјоделие и Локалната самоуправа од Охрид. После 4 успешни изданија во 2008 фестивалот поради финнасиски проблеми не се одржа, а по уште две изданија сосема згасна. Дали овојпат ќе се покаже како одржлива манифестација, ќе покаже времето.

{loadposition content9}