Фестивалот на францускиот филм со симпатии проследен во Охрид

Црвениот тепих пред Центарот за култура, синоќа, сепак беше распослан за традиционално, по 6 -ти пат да ги дочека француските филмаџии и љубителите на францускиот филм. Со проекција на филмот Ангела и Тони започна вториот дел на фестивалот на францускиот филм во Охрид по свеченото отварање во Скопје. Фестивалот го отворија охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Ауер, а гости беа претставници од Каен, Нормандија,со кои Охрид има кулурни врски, режисерката Наоми Лвовски и бројни филмаџии. Односот на публиката и третманот на присутните гости кон филмскиот фестивал на проекцијата покажаа дека манифестцијата сепак му припаѓа на Охрид и покрај годинешните организациски измени на фестивалот, вели филмскиот критичат Ѓоко Симјаноски. Тој додава дека организаторите и новиот селектор направиле избор на сериозни филмови кои ќе бидат прикажани .
„Оние кои ја сочинувале програмата можеби требаше да ги измешаат филмовите за да има поразлична програма. На програмата во Охрид има неклку квалитетни драми, трилер, детски филм и политички филм, но можеби разноликоста на филмовите требаше да биде поразлично искомпонирана, но тоа е работа на организаторот“.
Фестивалот завршува утревечер, со доделување на нагарадата Златна маска која ќе му биде врачена на режисерот Бернар Стора, наместо најавуваниот актер Тјери Фремон. 70 годишниот Стора е еден од најпродуктиввните франсуцки режисери кој во својата кариера има над 30 филмски остварувања.
„ Проекцијата на политичкиот филм „Последната изборна кампања“ е телевизиски филм, кој во главната улога ја толкува Тјери Фремон. Тој беше највуван како добитник на Златната маска, но заради неговото недоаѓање на фестивалот, организаторот одлучил наградата да ја добие Стора“.
Фестивалот го пратат неколку пропусти кои беа пракса за досегашните изданија. На ова издание изостана медиумска покриеност и праксата на интерактивна комуникација на публиката со гостите режисери и актери.
Вечерва на програмата се 3 играни филмови, од кои најголемо внимание привлекува филмот на Франсоа Озон, „Во куќата“. Фимот има добиено бројни награди, а ја однесе и престижната награда на филмскиот фестивал во Сан Себастијан.
{loadposition content9}