Skip to main content

Фестивалот Охридско лето помина во беспрекорна организација

Охридско лето е препознатлив белег на македонскиот културен идентитет. Изминативе 40 фестивалски денови беа во знакот на едно неповторливо доживување со големи музички звезди, врвни театарски престави, премиери, гости од целиот свет, распродадени настани после само два дена од нивното најавување, истакна директорката на Установата Сузана Вренцоска на денешната последна прес конференција за 57 то изданиние на фестивалот.

 |  Николоска Биљана  | 

Полни гледалишта, позитивната критика и задоволните уметници се доказ дека годинешново 57 издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“, помина во беспрекорна организација, истакна директорката на оваа установа Сузана Вренцоска, на денешната завршна прес конференција. Вренцоска нагласи дека политиката што ја води установата е доближување на културата до граѓаните, збогатување на културните содржини со нови како и развој на културниот туризам со промоција на културното наследство.

Со тимска работа, почитувајќи ја традицијата продолжиме да ја градиме вредноста на ова светско собиралиште на врвни уметници. Голема беше возбудата но и обврската да се организира секоја фестивалска вечер која благодарение на селекторите, Ѓорѓи Цуцковски и Зоран Љутков, изобилуваше со врвна уметност и атрактивни нови содржини. Имавме 57 настани музички, драмски, балетски претстави, и активности во делот на дополнителната програма. Покрај прекрасните концерти од областа на класичната музика и театарските претстави, понудивме атрактивни програми како џезот и проекти и во дополнителната програма“.

На сцените во Антички театар, Долни Сарај и црквата Св. Софија, беа одржани 48 музички настани. Целокупната организација на фестивалот Охридско Лето за музичкиот селектор Ѓорги Цуцковски било вистинско доживување. Цуцковски истакна дека самиот факт што годинава продажбата на билети била зголемена со повеќе од 100% во однос на минатите години, тоа според него било репер за квалитативна понуда.

Преполните концертни капацитети на секој музички настан се доказ дека нашиот напор за збогатување на фестивалската програма како програма наменета за широк спектар љубители на уметноста, допринесе за одржување на долгата традиција и високиот уметнички рејтинг на фестивалот, како и допринос за развој на туризмот во градот Охрид

Драмскиот селектор Зоран Љутков, исто така задоволен е од сработеното. Да се исполни, Антички театар, Долни Сарај и Св Софија, според него, тоа зборува повеќе од се.

„Жанровски претставите беа различни имаше претстави за сите вкусови, програмата беше конципирана жанровски, продукциски стилски, онака како што би требало да има програма секој национален театар во Македонија. Така се водев и се виде дека тоа има голем успех

Свеченото затворање синоќа се случи во поранешната касарна Михајло Апостолски, амбиент кој ја надополни приказната на претставата ,,Ничија земја“ режирана од познатиот Александар Морфов а во изведба на Македонскиот народен театар.