Skip to main content

Во февруари во Охрид издадени 2 одобренија за градење

Во општините Струга и Дебрца не е издадено ниту едно одобрение за градба.
 |  инфодеск  | 
одобренија за градба

Во месец февруари оваа година во Охрид биле издадени 2 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Во двата случаи како инвеститор се јавува физичко лице. Во општините Струга и Дебрца не е издадено ниту едно одобрение за градба.

На ниво на Република Македонија, во февруари 2026 година издадени се 244 одобренија за градење, што е за 10.3 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија, 173 се наменети за објекти од високоградба, 25 за објекти од нискоградба и 46 за објекти за реконструкција. Од вкупно 244 објекти, на 174 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 309 станови, со вкупна корисна површина од 36.919 м².