Skip to main content

Филантропите од Охрид и Струга добија празнанија за нивните несебични залагања

Четириесет и двајца филантропи го донирале своето време, знаење, енергија, талент и материјални средства во охридско-струшкиот регион.

 |  Мишел Наумоски  | 
filantropija
филантропија

Радоста на давањето, примањето и споделувањето помеѓу луѓето е можеби најголемата придобивка на филантропијата. Четириесет и двајца филантропи, и тоа фирми, здруженија и поединци, ја имаа таа привилегија и доблест да помогнат некому. Освен искреното „благодарам“ од оние на кои им помогнале, тие добија и признанија за своите несебични залагања. Локалната агенција за развој од Струга, на пригодна свеченост им се заблагодари за нивните филантропски активности. Како дел од проектот „Филантропија-Човекољубие на дело“ беше изработен и промовиран и каталог во кој се поместени сите филантропи и нивните филантропски активности во Охрид и Струга.

filantrop„Ние како народ во минатото имаме традиција на донирање и дарување. Меѓутоа тоа го практикувале од верски, духовни причини. Денес филантропијата има попримено нови форми. Но сепак би рекла имаме поединци кои што јавно и не сакаат да говорат за своите активности, но за среќа, имаме и фирми и поединци кои што сакаат со својот пример да покажат како треба.“-вели Јасминка Попоска од Локалната агенција за развој од Струга.

Првиот македонски клуб  „Сороптимист“ од Струга дел  од истоименото светско женско движење велат дека жените во својата ја имаат вградено филантропијата.

„Секако дека има, една од нив е и дел од каталогот и еден женски клуб, значи не само Сороптимист, кој е исто дел од каталогот. И тие се препознаени како филантропи. Тука е и секако клубот „Деница“ кој е женски клуб, меѓутоа знаете оној женски сензибилитет, поинакво е и воопшто разбирањето на филантропскиот момент. Повеќе се дава своето време, талент, вештина, отколку своите средства кои жените реално ги заработуваат.“-рече претседателката на женскиот клуб „Сороптимист“ од Струга.

LAR Struga filantropijaГрадоначалникот Бакрачески лично им се заблагодари на филантропите за нивните несебични активности.

„Би нагласил дека се поголем е бројот на општествено одговорни компании и бизнисмени кои даваат значаен допринос во подршката на многубројни хуманитарни активности како што се изградба на детски игралишта, градинки, школи, собирање на средства за лекување на пациенти и континуирана помош на луѓе со посебни потреби и хронично болните и изнемоштени лица. Ја користам оваа прилика од срце да им ги честитам признанијата на овогодинешните филантропи од охридско-струшкиот регион, со искрена надеж дека во иднина со заеднички сили ќе помогнеме филантропијата да биде дел од визијата за подобра иднина за сите.“-изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Во последниве години, во Охрид неодминливо е хуманитарното присуство на проф.д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија „Адора Инженеринг“.

„Филантропијата како активност е голема работа затоа што кога човек дава дали малку и скромно или многу, тоа го правиме со љубов, но кога околината и здруженијата за филантропија тоа го препознаваат, дека го правиме со почит и љубов, ни дава поголема мотивација, сега и во наредниот период да помагаме.“-рече Проф.д-р Ванчо Чифлиганец-сопственик „Адора Инженеринг“

Инаку од Локалната агенција за развој рекоа дека проектот „Филантропија-Човекољубие на дело“ продолжува и догодина со тенденција да стане една традиционална активност. Токму за наредната година, тие најавуваат дека ќе има и јавен повик на кој филантропите ќе можат да ги пријават своите филантропски активности.

{loadposition content9}