Филипче: Состојбата во болниците е многу сериозна
Министерот за здравство Венко Филипче утрово во редовната координација со директорите на Клиниките разговарал за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите.
| | Охрид
Министерот за здравство Венко Филипче утрово во редовната координација со директорите на Клиниките разговарал за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите.
После координацијата Филипче истакна дека здравствениот систем секојдневно се менаџира,се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна.
Тој испрати апелграѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата.