Филмот „Joe“ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“
Филмската драма „Џо“ на режисерот Дејвид Гордон Грин со актерот Николас Кејџ ја толкува главната улога, од среда, 01-ви октомври 2014 година ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Филмската драма „Џо“ на режисерот Дејвид Гордон Грин со актерот Николас Кејџ ја толкува главната улога, од среда, 01-ви октомври 2014 година ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Станува збор за филмска адаптација на романот на Лери Браун од 1991 година во која покрај Кејџ, играат и актерите Тај Кајл Шеридан и Рони Џин Блевинс.
Филмот ја раскажува приказната за поранешниот затвореник Џо Ренсом кој настојува да избегнува неволји по секоја цена, но не успева во тоа. Тој е човек што се однесува непоправливо несовесно кон жените и своето куче, секојдневно се опива, се брка со полицијата и се коцка. Меѓутоа, го запознава момчето Гари, во кого гледа нешто посебно: решителност, пристојност и неверојатна отпорност.
Гари никогаш не живеел како неговите врсници – не одел во училиште, секогаш морал да се грижи за своето семејство, да ја чува сестра му од татко им, кој е алкохоличар, и да се надева на подобра иднина. Кога Гари ќе дојде во ситуација да не може да се носи со заканата што го снаоѓа, му се обраќа на Џо за помош, што ќе поттикне лавина неизбежни случувања. Заедно, двајцата се соочуваат со многу искушенија во мочуриштето Мисисипи.
Филмот „Џо“ беше премиерно е прикажан на Венецискиот филмски фестивал во 2013 година.Проекци се закажани и на 2-ри и на 3-ти октомври со почеток во 20 часот.
{loadposition content9}