Skip to main content

Јавен повик

Финансирање програми од областа на спортот

Јавен повик за распределување на буџетски средства за финансирање програми од спотски клубови, здруженија, спортисти, спортски манифестации и други правни лица од областа на спортот.
 |  инфодеск  | 
Фудбалски турнир

Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2023 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот.

Спортот и неговата врска со образованието, здравството, социјалата, економијата, туризмот, животната средина, промоцијата и афирмацијата на градот ни дава за право, но и обврска да направиме максимум напори за да се поддржи и помогне целокупниот негов развој. Придобивките и ефектите на спортот врз секоја индивидуа и целиот град се основа за нашата максимална посветеност во унапредувањето на нашиот јавен и општествен интерес на градот, велат од Локалната самоуправа.

Повеќе информации на следниот линк