Skip to main content

Црвен Крст

Финансиска донација, прв акт на солидарност

Во оваа фаза на одговор на катастрофата која ги погоди Турција и Сирија најцелисходно е граѓаните да помогнат преку донација на финансиски средства. Овој апел денеска го упати Претседателот на охридската организација на Црвен Крст, Сашо Точков. И Од републичкиот црвен крст апелираат дека треба да се рационализира и воедначи процесот на донирање согласно конкретните потреби на терен. Механизмите на црвениот крст се активирани, се одржува постојана комуникација со Црвената полумесечина на Турција и со Сириско-арапската полумесечина и според нивни барања и потреби ќе се дејствува.
 |  инфодеск  | 
Црвен_крст

Во моментов, како прв одговор за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, максимален придонес се постигнува со донирање финансиска помош.  Црвениот Крст веднаш по елементарната непогода  ги активира механизамите со понуда за помош. 24 часа е отворена транскакциска смета и телефонски број за донации на парични средства од граѓани и правни лица. Сашо Точков, Претседателот на Црвен Крст Охрид, вели дека се во комуникација со Црвената полумесечина на Турција и со Сириско-арапската полумесечина.  Од нив се очекуваат барања за конкретни потреби по што Црвениот крст оранизира и испраќа помош.

„Она што сега во оваа фаза е потребно, а Црвениот Крст го направи, отвори жиро сметка на фанодот на солидарност на Црвениот Крст, каде сите оние кои што сакаат, коишто се хумани и солидарни, а ги има во голем број во ова време, да помогнат со донирање на финансиски средства. Се друго во овој момент не е потребно.“, кажа Сашо Точков.

Финансиските средства покрај уплата на жиросметката на Црвениот Крст, граѓаните  може да донираат преку јавување на бројот 143-400 со што ќе донираат 100 денари. Денеска и од Црвениот Крст на Македонија апелираа граѓаните кои сакаат да помогнат тоа најдобро е да го направат преку донирање на отворените сметки за помош на Сирија и Турција. Посочија дека поради царински ограничувања,  поединечни предмети кои ги донираат  граѓани, а се без декларации и потекло,а најмногу имајќи ги предвид  потребите на населението на терен, треба да се рационализира и воедначи процесот на донирање. 

Тоа се механизмите со кои делува Црвениот Крст, и секако стоиме на располагање со тимови, но засега не е побaрано од нас. Црвената полумесечиа на Сирија и Турција имаат големи ресурси, се добро организирани, имаат искуство во вакви ситуации и навистина во овој момент не е потребна никаква  поинаква помош од финансиска којашто се собира на сметката на на Црвен Крст на Република Македонија.“, посочи Точков.

Од Црвен Крст  упатуваат благодарност до сите хумани, солидарни луѓе коишто досега донирале и  за 24 часа, колку што е отворена сметаката собрани се 10 милиони денари. Црвениот Крст од РСМ покрај финансиска ќе испрати и дополнителна  материјална помош, до овој момент во своите резерви има прибрано 1000 пакети храна, 150 пакети со продукти за хигиена и 4000 кебиња.