©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Финансиска помош од државата, занаетчиите се во криза

Од занаетчиската комора бараат помош со антикризни мерки за преживување во услови на пандемија од Ковид 19. Има предлог до ресорното министерство да бидат субвенционирани од државата до март идната година. Бараат исплата на минимална плата, ослободување од персонален данок и намалување на ддв за занаетчиските дејности од 18 на 5 посто.

 |  Валентина Неловска  | 

Занаетчиите да бидат опфатени во 4-тиот сет економски мерки побараа од министерството за економија од КЗМ. Мерките ќе се добра финансиска инјекција за занаетчиите бидејќи се наоѓаат во финансиска криза, сите дејности работат нерентабилно и им е потребна финансиска помош од државата, информира Сашо Богоески прет. на РЗК и член на Прет. на ЗКМ. Додава дека испорачаните барања се со цел да продолжат антикризните мерки во услови на пандемијата за помош на оваа стопанска гранка.

„Истото го бараме и во 4 -от сет на мерки да бидеме покриени со парична помош од 14.50 ден., до март 2021 год. Побаравме да бидеме ослободени од персонален данок до крајот на тековната година, а Данокот на додадена вредност за занаетчиските дејности да се намали од 18 на 5 посто“.

На ниво на Македонија има околу 6000 занаетчии и 6500 вршители на занаетчиска дејност регистрирани како Доел и трговец поединец, вели Богоески. Некои од нив сеуште не извадиле лиценца за работа иако требаше да се усогласат со измените во Законот за вршење на занаетчиска дејност до ноември 2019 година.

„Не се сите лиценцирани. Тука настана проблем со министерот за економија тој побара помош да добијат само оние кои имаат лиценца за работа. Ние побаравме финансиска помош за сите да бидат опфатени и оние кои извршиле усогласување и оние кои немаат сеуште направено усогласување бидејќи кризата е еднаква за сите. Со дополнителна напомена дека оние кои немаат направено усогласување со законот и не поседуваат занаетчиска дозвола да ја извадат во најкраток можен рок“.

Од охридската Регионална занаетчиска комора, велат дека ова е најлошата година во однос на ново регистрирани и во избришаните дејности. За 8 месеци од годинава се впишани само две занаетчиски дејности и тоа на поетокот од гоиднава,во месец јануари, а досега се избришани шест дејности од регистерот.
Инаку, со претходниот владин сет мерки за помош на занаетчиите биле опфатени 260 регистрирани занаетчии од Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top