Надминат проблемот во „Македонски шуми“
Инсталиран фискалниот апарат со ЏИ ПЕ ЕР ЕС уред во ЈП „Македонски шуми“. Со тоа се надмина вакумот кој се создаде поради немањето на ваков апарат поради што вработените не продаваа дрва не сакајќи да го прекршат законот, а граѓаните не можеа да си купат дрва.
Се надмина проблемот во охридската подружница на ЈП „Македонски шуми“. Фискалниот апарат со ЏИ ПЕ ЕР ЕС уред е ставен во функција. Откога Твм го актуелизираше проблемот на граѓаните кои се пожалија до нашата редакција дека не можат да си набават дрва од ЈП „Галичица“ бидејќи вработените не продаваа дрва поради немање нов фискален апарат, истиот е инсталиран. Револтот на граѓаните беше оправдан затоа што се создаде еден вакум во кој временски период тие не можеа да си набават дрва бидејќи вработените во подружницата не сакаа да го прекршат законот и да продаваат без да издадат фискална сметка. Од УЈП објаснуваат дека во ваков случај на нефункционирање на фискалниот систем на опрема обврзникот за извршениот промет на добра и услуги може да издава парагон блокови заверени од УЈП или пак прометот може да го врши со плаќања преку жиро сметка или вирмански сметки. Ова важи за сите фирми кои сеуште немаат инсталирано фискален апарат со ЏИ Пи ЕР систем за што рокот истече заклучно со 31 јануари.
Инаку, од ЈП „Галичица“ велат дека сега проблемот е надминат и се функционира како што треба. Дрва има , а има и интерес кај граѓаните за нивно купување со оглед на тоа што временските услови бараат дополнителна набавка на огревно дрво. Набрзо по инсталирањето на фискалниот апарат продале 50 кубици дрво. Само во текот на денешниот ден имало околу 60тина купувачи. Се бара даб кој чини 2453 денари по метар просторен и бука која чини 3371 денари по метар просторен.
{loadposition content9}