Нарушен јавниот ред и мир
Физичка пресметка меѓу две лица на ул. Андон Дуков
Двајца охриѓани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во двор од куќа на улицата „Андон Дуков“ во Охрид.
На 03.06.2022 година во 01:40 часот во двор од куќа лоцирана на улицата „Андон Дуков” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(37) и М.Р.(22), двајцата од Охрид.
Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


