Skip to main content

Антички театар

Фламенго балетот Луксурија на Охридско лето

Фестивалот Охридско лето одбележа 62 годишен јубилеј. Од сцената на антички театар ќе одекнат звуците на Фламенго балетот „Луксурија“. Шпанските уметници Давид Гутјереж и Паула Рејес се за прв пат на Охридско лето. Воодушевени се од градот и климата, а перформансот го подготвувале пред почетокот на пандемијата.
 |  Валентина Неловска  | 
Охридско лето роденден

Фестивалот Охридско лето го одбележа 62-от роденден. Овој датум се слави со голема возбуда и почит кон оперската дива Ана Липша Тофовиќ, иницијаторот на оваа манифестација, но и со голема одговорност, напомена Наташа Поповиќ, директорката на Охридско лето. Фестивалот остануваме и понатака посветени на она што го трасирале генерациите пред нас, она што е највредно и најзначајно, рече Поповиќ.

Низ годините тука на фестивалските сцени настапиле најзвучните имиња од светот на музикатат и театарот. Звуците на класичната музика во „Св. Софија“, грандиозните дела на Антички театар, квалитените, атрактивните театарски претстави се само доказ дека тука во Охрид повеќе од половина век се негува музиката и театарските совршености – кажа Поповиќ.

На годишнината на фестивалот, настапува Фламенко Балетот „Луксурија“ од Шпанија. Шпанскиот амбасадор во земјава Хозе Лукс Лозано Гарсија, го честита фестивалскиот јубилеј и изрази огромна благодарност што низ годините нивната амбасада соработува со Фестивалот Охридско лето, каде што се претставуваат шпанските музички уметници.

Ни претстои вечер за уживање во Фламенко балетот. Ги поканувам луѓето од Охрид и гостите да уживаат заедно на настапот. Благодарност и честитки за 62 то издание на Охридско лето и менаџерите на фестивалот – упати шпанскиот амбасадор Хозе Лукс Лозано Гарсија.

Ументичката двојка Давид Гутјереж и Паула Рејес ќе танцуваат со Фламенго балетот „Луксурија“. На вечерашниот настап ќе одекнат звуците на Фламенго балетот од сцената на античкиот театар. Шпанските уметниците се за прв пат во земјава, Охрид и на Охридско лето и ветуваат возбудливо доживување за публиката.

Покана до сите во Охрид да дојдат и да уживаат во претстојната вечер. Меѓународно е многу добро прифатена оваа поставка. Она што може да се види вечерва е изведба на класично фламенго, но со модерни примеси – изјави Давид Гутјереж.

За нас е многу значајно бидејќи настапуваме пред нова публика и на ново место – истакна Паула Рејес.

Хаиме Транкосо, менаџерот на Фламенго балетот „Луксурија“, е задоволен од тоа што се дел од фестивалската содржина на Охридско лето. Привилегија е да се настапува на фестивал со долгогодишна традиција и на неговата годишнина, кажа Транкосо.

За нас тоа е посебно задоволство бидејќи овој перформанс го подготвуваме пред пандемијата. И дојде време таа претстава да дојде на сцена – посочи Транкосо.

Сања Арсовска, селекторката на театарската програма, е задоволна од досегашниот тек на прикажаните квалитетни домашни претстави. Покажавме дека театарската уметност дише здраво, а тоа темпо ќе продолжи до крајот на фестивалската програма.

Остануваат уште 4 театарски доживувања кои ќе се закотват на театарското пристаниште. Со нетрпение ги очекуваме претставите „Балкан бордело“, „Народен непријател“, „Војна и мир“ , „Вујко Вања“ – напомена Арсовска.

Годинава по 62-ри пат уметници од голем број змеји од свтото ќе приредат уживање за љубителите на уметноста. До 20 август, кога завршува фестивалот ќе настапат над 1000 уметници, актери, солисти, хорски музичари.

Новинар : Валентина Неловска