Skip to main content

Фондот за пензиско очи в очи со Охриѓани

Само мал број Охриѓани на средбата со претставниците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

 |  Мишел Наумоски  | 
piom sredba so gragjani
пиом средба со граѓани

Само дваесетина пријавени граѓани за средбата со претставниците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Заинтересираните граѓани, оние кои имаат реални проблеми поврзани со Фондот, имаа рок до 18ти овој месец да ги достават своите прашања со што Фондот би добил време да го разгледа нивниот проблем.

gragjani so piomИли Охриѓани немаат никакви проблеми околу своите пензиски права или се слабо информирани или пак се незаинтересирани. Од оние присутните, најмногу прашања имаше околу непризнаените години работен стаж и неостварените права од странски пензии.

„Бидејќи се ова регионални средби со граѓаните под лозингот „Ден за вас“ тука се присутни покрај подрачната единица Охрид, тука е присутна подрачната единица Струга, подрачната единица Дебар и подрачната единица Кичево каде што исто така имаме луѓе кои што најверојатно долго влечат одредени постапки за да го остварат своето право или пак луѓе осигуреници или корисници кои што сакаат да видат потребни информации и услови на кој начин и кога можат да се стекнат со право од надлежноста на Фондот за ПИОМ.“-рече Трајко Премчески-Помошник директор при Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
 
Premceski pom.direktor PIOMОд Фондот се произнесоа и околу се погласните шпекулации дека ќе има намалување на пензиите односно коефициентите по кои се пресметуваат. Тие децидни дека ваквото намалување нема да се случи.

„Факт е дека сите фондови во соседството и пошироко се соочуваат со буџетски дефицит со оглед дека кај сите фондови имаме стареење на населението, невработеноста е проблем и тука нормално што поголем е бројот на вработени, толку повеќе пари за Фондот, меѓутоа Фондот за ПИОМ во соработка со Владата и понатаму ќе ја сервисира редовно и навреме исплатата на пензиите на сите корисници кои што очекуваат навреме да ја добијат пензијата.“-вели Премчески.

Буџетскиот дефицит кој го имаат во Фондот велат дека го решаваат преку позајмување на средства, но најголемиот дел сепак го прибираат преку наплата на придонесите. Потребните средства за пополнување на дупките во Фондот тие ги добиваат преку буџетски трансферски средства кои ги добиваат од Владата.

{loadposition content9}