Skip to main content

Форца Еѓипќани: д-р Бакрачески е вистински пријател на еѓипќаните

Претседателот на невладината организација „Форца Египет“, Петрит Хусеин, ги повика своите сонародници да ја подржат програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Мишел Наумоски  | 
egipkjani
египќани

„Д-р Никола Бакрачески ќе придонесе за вистинска интеграција на еѓипќаните во општеството.“-вака сметаат од невладината организација „Форца Египќани“.

forca egipkjaniИнаку како што е познато, втората по бројност етничка заедница во Охрид, најпрво поднесе сопствени кандидатски листи за советници, но веднаш потоа истите ги повлече заради како што тогаш рекоа-невидени притисоци врз еѓипќанскиот народ.

„Апелирам и го повикувам мојот народ, еѓипќаните на 24.03.2013 храбро, без страв и достоинствено да го подржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески, за кандидат за градоначалник за град Охрид, како и листата на советници од ВМРО-ДПМНЕ. Ја подржуваме програмата, пријателскиот и коректен однос, почитувањето и суштинското признавање на еѓипќаните од страна на д-р Бакрачески, пред се и над се голем пријател на еѓипќаните.“-рече Петрит Хусеин.

Инаку на пресот Петрит Хусеин, пред новинарите покажа меморандум за соработка потпишан пред 4 години со актуелниот градоначалник Александар Петрески, кој тогаш им ветил поголема застапеност на египќаните во локалните институции, но како што кажа Хусеин, ништо од тоа не им било исполнето.

{loadposition content9}