Формиран Советот на градски татковци
Формиран Советот на градски татковци.
Формиран охридскиот Совет на градски татковци. Избрани се најдобрите поединци и компании кои ќе пронаоѓаат најдобри решенија за стимулирање на претпримништвото и привлекување на домашни и странски инвестиции, истакна градоначалникот Никола Бакрачески кој е на чело на овој Совет. Деветнаесетмина охриѓани од различни дејности од денес се дел од локалниот економски совет, кој треба да придонесе за економски просперитет на градот.
„За да и се помогне на локалната економија треба да се направи поврзување на сите субјекти во сферата на економијата, почнувајќи од телата и институците во Локаланата самоуправа, експертската јавност, па се до бизнис заедницата и работодавците“, посочи градоначалникот Бакрачески.
Меѓу деветнаесетмината членови на Советот е и Министерот за странски инвестиции Бил Павлески , кој по потекло е од Охрид. Покрај туризмот Павлески ја потенцираше и потребата од индустриското заживување во градот. „Сакам да дадам допринос во еконосмкиот развој на Охрид за зголемување на вработенста, а тоа е и моја должност како министер за привлекување на странски инвестиции“, истакна Павлески.
Бранко Азески , претседателот на Сојузот на Стопанската комора на РМ, кажа дека не само членовите на Советот, туку и сите кои потекнуваат од Охрид треба да го помогнат економскиот развој на градот. За да се надмине високата стапка на невработеност која изнесува 11,8 посто и е највисока во југозападниот плански регион треба многу работа, сила и волја, како и искористување на сите потенцијали, рече Азески.
„Приоритетно е инфраструктурното поврзување на Охрид , да се изгради автопат или железница, и преземање на план за реиндустријализација на Охрид. Оваа иницијатива нема да има успех доколку не се изгради свето тројство помеѓу државата, Локалната самоуправа и приватниот сектор. Еден од нив ако не ја заврши својата работа другите два ќе бидат измамени“, рече Азески.
Во Локалниот економски совет покрај градоначалникот Бакрачески, секретарот на општината Димитар Спасески, министерот Павлески и претседателот на Стопанската комора на РМ Азески, се вклучени повеќе успешни бизнисмени, експерти, академици, професори и менаџери. Меѓу нив се Љупчо Андроски, Кирил Колески, Тане Николоски, Борче Нечкоски, Климент Шешоски, Ангел Јанев, Стефан Буџакоски, Кирил Трендафилов Нанче, Глигор Каневче, Петар Теговски, Јован Стојаноски, Сашо Коруноски, Зоран Михајлоски, Ацо Попоски и Дејан Блажески.
{loadposition content9}