Skip to main content

Бранители

Формирана комисија за бранителите по барање на Левица

Со оваа иницијатива од Левица, се надеваат дека ќе се исправи неправдата, кон оние кои го бранеа суверенитетот на Македонија.
 |  Голабовски Крсте  | 
образложение

По иницијатива на Левица Охрид и јавно упатените барања до градоначалникот на Општина Охрид – Кирил Пецаков, што поскоро да биде формирана комисија за утврдување на бројот на бранителите во Општина Охрид – на 22 август, Општина Охрид донесе решение за формирање на комисијата.

На 28 април, советникот на Левица – Виолета Аврамовска, до Советот на Општина Охрид поднесе ИНИЦИЈАТИВА со која се бара:

  • Ослободување од плаќање надомест на посета на јавни установи, детски градинки на територијата на Општина Охрид;
  • Ослободување од месечен надомест за топол оброк ( целодневна настава и престој) во општинските основни училишта на територија на Општина Охрид;
  • Ослободување од плаќање надомест за ужина и екскурзии во општинските училишта на територија на Општина Охрид;
  • Ослободување од сите видови давачки кон Општина Охрид ( за делот кој се уплаќа на сметка на Општина Охрид).

„Со оваа иницијатива на Левица, се овозможува да се исправи неправдата која 20 години им ја нанесува државата на оние кои нежалејќи, застанаа во одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија“, стои во соопштението од оваа партија.