Skip to main content

Формирани работните групи за Дримскиот басен

Овие работни групи треба понатака да ги одредуваат правците во кои треба да се движи опоравувањето на Дримскиот басен, вклучувајќи ги Охридското, Преспанското и Скадарското езеро.

 |  Мишел Наумоски  | 
kanal Oh.ezero
канал Ох.езеро

Согласно Меморандумот за соработка на земјите од Дримскиот басен, Македонија, Црна Гора, Грција, Косово и Албанија, деновиве се формираа работните групи кои во наредните години ќе работат на состојбата на животната средина во Дримскиот басен и околу подобрување на сите услови.

Ohridsko ezeroФормирани се три групи и тоа една за имплементација на Рамковната директива за води на Европската унија, втората за мониторинг на водите во Дримскиот басен и третата за заштита на биодиверзитетот и екосистемот.

„Работата на тие групи ќе биде оценета на 20ти Ноември, на состанокот на Дрим Кор групата каде што ќе се евалуираат резултатите на работата на групите и ќе се постават новите задачи во наредниот период, а исто така ќе се подготват земјите да почнат со подготовка на план за управување со речниот басен за да може тој да се изготви во наредниве 6 години.“-вели Дејан Паноски, од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро.

Европската унија работи постојано на подобрување на стандардите за заштита на животната средина и природното богатство, па оттука многу е важно и Македонија како земја кандидат за членство во Унијата, да ги следи препораките и директивите кои таа ги пропишува-додава Паноски.

kanal Oh.ezero„Стандардите во животната средина поставени од Европската унија се доста високи и ние мора да одиме во правец на нивно имплементирање за да ги достигнеме критериумите за исполнување на овие стандарди. Она што е од аспект на водите, најважно е дека рамковната директива е целосно транспонирана во македонското законодавство, и тоа е добар момент. Имплементацијата допрва треда да следи, допрва треба да ги развиваме советите на ниво на басени и менаџмент плановите за наредниот период. Кога ќе ги поставиме сите активности на таа база, тогаш ќе можеме да работиме на добриот статус на водите.“-рече Паноски.

Како еден позитивен пример од работењето во рамките на Дримскиот басен, Паноски го потенцираше проектот за заштита на биодиверзитетот во Студенчишкото блато.

На крајот на месецот, во Охрид ќе има јавен настан со кој ќе се објави започнување со работа на овој проект. Паноски вели дека иако финансиски е мал, проектот за заштита на Студенчишкото блато сепак ќе има големо значење во насока на заштита на биодиверзитетот на ова место.

{loadposition content9}