Skip to main content

Кој се токми за првата фотеља во ЈП „КОмуналец“

Кој се токми за првата фотеља во ЈП „КОмуналец“? Деновиве ова прашање се врти меѓу охриѓани. ТВМ побара одговор.

 |  Јаковлева Лионела  | 
saso alcev
сашо алчев

Дали ќе биде сменет директорот на ЈП комуналец, Сашо Алчев, деновиве се прашува охридската јавност. aleksandar petreski

Ова е тема број еден на многу кафе муабети во кои се спомнуваат дури и имиња на можни кандидати за првата фотеља на ова јавно претпријатие. 

Градоначалникот Александар Петрески на охриѓани им ја разрешува дилемата. Тој вели дека ова се чисти шпекулации и дека нема ниту една причина зошто би го сменил Алчев од ова директорско место.

Градоначалникот додава  дека многу е задоволен од работата на Алчев па откога „Комуналец“ добро ќе застане на нозе планира да го унапреди во координатор на сите јавни претпријатија во градов.

Но, Петрески додава дека сеуште е рано за ваква промена.

{loadposition content9}