Skip to main content

Трајни вредности

Фото клуб Охрид со изложба „Охрид низ фотографии“ по повод 7-ми Ноември

Изложба  на фотографии од членовите на Фото Клуб Охрид во чест на празникот 7-ми Ноември, беше поставена денеска во Младинскиот центар .   Станува збор за извонреда колекција на дела на охридските фотографи со кои се создаваат трајни вредности.  Фотографиите со мотиви од Охрид ќе останат  во сопственост на Општината.
 |  Маја Савиќ  | 

Чествувањето на Денот на ослободувањето на Охрид  збогатено со изложба на фотографии на членовите на Фото клуб Охрид. Колекцијата е  изработена во рамки на проектот „Охрид низ фотографии“ реализиран со соработка на  Општина Охрид со  Фото клубот  со која се создадоа трајни вредности. 

На фотографиите се прикажани сите убавини на градот , во секое годишно време , сите случајни средби и разделби, играта на езерските бранови, мирниот лет на охридскиот галеб, светлоста на црквите и манастирите. Богатото природно и културно наследство на градот  уловени низ објективот од будното око на охридските фотографи.

Фото клуб Охрид оваа година слави јубилеј 25 години постоење и плодна работа

„Во  сиве овие години Фото клуб Охрид има ивонредна соработка со Општина Охрид и реализираше доста проекти со кои вршиме промоција на самиот град, бидејќи како што знаеме во време на интернетот  фотографијата игра голема улога во промоцијата на Охрид.“ – кажа Димче Коруноски, Претседател на Фото Клуб Охрид.

Соработката ќе продолжи бидејќи она што го работи Фото клубот Охрид претставува гордост за градот , кажа градоначалникот Кирил Пецаков честитајќи им го јубилејот на охридските фотографи.

„ 25 години е многу време посветена работа. Тоа е од големо значење за општина Охрид бидејќи низ сите овие 25 години и вие како членови а и фотографиите коишто сте ги направиле  го промовираат Охрид во едно вистинско светло. За тоа Ви упатувам огромна благодарност.“ – кажа Пецаков

Колекцијата фотографии изработени во рамки на оваа соработка ќе остане во трајна сопственост на Општина Охрид.