Годинава честа да настапи на овој реномиран фестивал, но и наша да ја слушаме неговата изведба ја има уметникот од светски глас, виртуазот на хармоника Иван Денион и Маестро Ричард Галијано уметник кој со својот настап не само што ќе го одбележи 53 то издание на фестивалот туку воопшто ќе даде посебен допринос за целокупната фестивалска историја.
„Маетро Галијано е познат како голем виртуоз на хармоника и неговиот допринос е токму тоа што инструментие од поп музиката ги донесе во светот на синфониската музика на синфонискиот оркестар. Познат како голем виртуоз мајстор во фразирањето познат по убавината на сите бои и фразирање што ги има во своето музицирање“, вели Гордана Јосифоска Неделковска, музички селектор на Охридско лето.
Маестро Галијано за вечерва ќе понуди оргинална програма, затоа што како што вели секогаш во месец јули, користи различна музика. Овој месец му е посебно исполнет со настапи затоа што свирел во Виена со синфонискиот концерт, па во Франција со џез оркестар. Вечерва на Охридско лето ќе настапи со неговиот пријател италијанецот кларинетист џезист баз гитара кој доаѓа од Ница и со неговиот син Жан Кристов.
„Татко ми е професор по музика, а јас започнав да свирам многу мал, од три години. А оваа хармоника на која сега свирам ја користам 50 години. Ми ја купи баба ми кога имав 13 години. Оваа хармоника преставува еден страдивариус за хармоника и на неа ги свирам сите видови Музика, од класика до џез“, вели маестро Richard Galliano.
Aрмониката со која посебно се гордее мастро Галијано му овозможува да свири исправен и низ шега знае да каже дека таа е составен дел од неговото тело.
Инаку француската вечер на Охридско лето со години наназад е во организација на фестивалот Охридско лето и францускиот институт Скопје , амбасадата на Р Франција во Р македонија и SocieteGenerale Group.
{loadposition content9}