Skip to main content

Француски гастрономски вештини претставени пред учениците од ОУТУ Ванчо Питошески и студентите на ФТУ

Дел од француските гастрономски вештини претставени пред учениците на ОУТУ „Ванчо Питошески“, како и пред професорите и струдентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Исто така претставниците од колеџот „Жеси де Форест“ од Авен сур Хелп, Република Франција разговараа за реализација на идни проекти и нови мобилности во Франција на студенти и ученици од двете образовни институции.
 |  инфодеск  | 
Француски гастрономи

Во периодот од 23-ти и 24-ти јануари на посета во Охрид беа преставници од колеџот Жеси де Форест од Авен сур Хелп – Република Франција.

Професорката Кристел Леруа и шеф Фредерик Рус реализираа Еразмус+ и мобилност програмски активности со цел продлабочување на односите со Факултетот за туризам и угостителство и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.

Француски гастрономи

Делегацијата оствари средба со деканот на ФТУ проф. д-р Снежана Дичевска и раководителот на студиската насока Гастрономија доц. д-р Климент Наумов, како и со директорот и управата на училиштето „Ванчо Питошески“.

Се разговараше за идни проекти и реaлизација на нови мобилности во Франција на студенти и ученици од двете институции, како и професорски кадар.

Француски гастрономи

На 24-ти јануари во кабинетот по готварство при ОУТУ „Ванчо Питошески“ се изврши демонстрација на подготовка на топло тесто (pâte à choux) и слаткарски крем (crème pâtissière), како и нивна терминална реализација и спојување во форма на еклери и профитероли од страна на шеф Фредерик Рус, а во асистенција и јазична практична интерпретација на нашиот професор Климент Наумов.

Француски гастрономи
Француски гастрономи