Skip to main content

Француски корпи во Охрид

Искуствата од западно – европските земји преточени во Македонија.

 |  Николовска Биљана  | 
korpa
корпа

На охридскиот кеј со овие корпи ќе се подигне нивото на чистота, велат одговорните на Охридското јавно претпријатие за хигиена. Задоволни и граѓаните.

korpaПо теркот на Париските корпи за отпадоци, тргна и Охрид. Кога се сака не е далеку ни Париз. Директорот на ЈП Охридски Комуналец Сашо Алчев проблемот со отпадоците на едно од најфрекфентните места за охриѓани и бројните туристи –кејот, го реши по примерот на Париз поставувајќи практични корпи за отпадоци. Граѓаните задоволни од ваквата иницијатива со единствена  забелешка дека подобро би било кога проѕирините најлон вреќи би се замениле со темни

Алчев истакна дека поголем број на искуствата од западно европските земји вреди да се имплементираат кај нас.

Дека се прави напор за подигнување на повисоко ниво на хигиената во градот зборува и новото вложување на ЈП Охридски Комуналец. Естетско изработени корпи за отпадоци чекаат амин од градоначалникот Петрески за да се постават низ Охридската чаршија вели Алчев.

Добро е што Охрид почна да прифаќа сугестии и совети од земјите кои имаат искуство за добро менаџирање. Само така граѓаните, ќе имаат причина плус да го почитуваат законот за јавна хигиена.

{loadposition content9}