Францускиот филмски фестивал ќе почне во Скопје, а ќе заврши во Охрид
Францускиот филмски фестивал ќе почне во Скопје, а ќе заврши во Охрид.
6-то издание на Францускиот филмски фестивал ќе почне во Скопје со филмот „Ками повторува“ на Наоми Лавовски, а ќе заврши во Охрид со „Последната изборна програма“ на Бернар Стора. Фестивалот стартува вечерва во Скопје и по два дена ќе продолжи во Охрид, со проекции и врачувањето на наградата за животно остварување, кажува Зоран Велјаноски Летра, извршен директор на Францускит филмски фестивал. Велјаноски ги појасни причините зошто фестивалот кој почнуваше во Охрид овој пат има нова концепција.
„ Техниката е причина за ваквата одлука. Квалитетот на најсовремената киносала Синаплекс во Скопје беше изборот на сегашниот партнер Јуни Френс и новиот програмски директор Жан Мишел Фродон. Тоа беше барањето како минимален влез во категроијата на фестивали во Европа, она што не го поседува Охрид“.
Љубителите на францускат кинематографија во Охрид ќе погледнат 7 најнови филмски остварувања.Францускиот актер Тјери Фремон е добитник на наградата златна маска за животно остварување. На фестивалот во Охрид ќе бидат присутни врвни имиња на француски актери и режисери, напоменува Велјаноски.
Во двата фестивалски дена, во Охрид ќе бидат прикажани филмовите: „Пол Мај“ на Оливија Асајас, „38 сведоци“ на Лука Белво, „Сведоци“ на Андре Ташин, „Машкуданка“ од Селим Шјама, „Младешка љубов“, „Во куќата“ и „Последна изборна програма“ на Бернар Стора.
{loadposition content9}