Skip to main content

Работодавците и работниците на едно место

Денови на кариера во Факултетот за туризам и угостителство. Идејата за еден ваков настан е од самите компании од областа на туризмот, но и од областа на шпедицијата и осигурувањето. Целта е на едно место да се сретнат оние кои нудат и оние кои бараат работа.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ftu
фту

Работодавците и работниците на едно место. ФТУ организира денови на кариера  на кои ќе земат учество повеќе компании кои ќе се престават на свои штандови поставени во факултетот и каде ќе ги промовираат работните места кои им се непополнети а се од областа на струките кои  се едуцираат на ФТУ.

Во комуникација со хотелиерите и ресторатерите заклучивме дека има недостаток на готвачи посебно на искусни кои ќе можат да се снајдат и со класичната кујна но и со другите видови на кујни. Гастрономијата во светот се повеќе добива на цена и всушност имиџот на еден добар ресторан е креиран од добрата кујна, објаснува Андреески.

Продеканот вели дека во градов има доволно едуциран кадар, но за жал најчесто не се занимаваат со тоа што им е специјалност туку со некоја сосема друга дејност. Тој додава дека ваквиот тренд мора да се промени ако сакаме да имаме напредок во областа на туризмот и угостителството. Овие отворени денови на кариера кои ќе се одржат на 28ми и 29ти април ќе придонесат за тоа а воедно ќе им го промовираат ФТУ на идните студенти како една опција каде би го продолжиле своето високо образование.

{loadposition content9}