ФТУ доби ботаничка градина
ФТУ доби ботаничка градина. Ова е дел од проектот Вотернет во кој учествуваат четири партнери од Македонија и од Грција. Идејата за изградба на една ваква ботаничка градина произлегла од една анализа која била направена низ нашите ресторани и хотели при што било увидено дека најголем дел од продуктите кои се користат за готвење посебно зачините се набавуваат од странство.
Свечено се отвори ботаничката градина на ФТУ. Ова е дел од проектот Вотернет во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која беше одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ доби околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра беа употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра се наменети за изградба на ботаничката градина.
Ова е еден од подобрите моменти на соработката помеѓу РМ и Грција. Покажавме и двата градови и Охрид и Воден дека градовите преку границата можат и тоа како да соработуваат да се дружат и да соработуваат и да прават корисни проекти за двете заедници, рече градоначалникот Никола Бакрачески.
Идејата за изградба на една ваква ботаничка градина во рамките на факултетот произлегла од една анализа која ја направиле низ нашите ресторани и хотели при што увиделе дека најголем дел од продуктите кои се користат за готвење посебно зачините се набавуваат од Скопје и од странство. Од ФТУ имаат намера во својата кујна да користат домашно одгледани производи и на секој гостин да му приредат посебно доживување, сам да може од градината да си го избере зеленчукот или зачинот кој што ќе го јаде.
Често иновативните идеи и во други сфери не се поврзани со големи дела туку се поврзани со мали работи кои што наеднаш ќе ги отворат вратите кон други понатамошни успеси што треба да ги направиме, рече Д-р Сашо Коруновски-ректорот на универзитетот Св. Климент Охридски.
Во ботаничката градина ќе се користат одржливи извори на енергија коко што е сонцето, а со тоа ќе се оди на енергетска заштеда. Предвидено е да има и фонтана која ќе биде украс но ќе служи и за наводнување на растенијата. Градината е лоцирана позади факултетот за туризам и угостителство.