Skip to main content

Насоката на ФТУ, гастрономија, исхрана и диететика, се попривлечна за новите студенти

Многу новини ќе се внесат на насоката гастрономија, исхрана и диететика, на Факултетот за туризам и угостителство. На ваков начин ќе се привлекуваат нови студенти кои ќе се едуцираат по светски стандарди.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kujna
кујна

 

Насоката на ФТУ,  гастрономија, исхрана и диететика, се попривлечна за новите студенти. Со новините кои е планирано да се внесат ги пратиме светските стандарди во оваа област, вели Проф. Д-р Ангела Василеска. За овој летен семестар планирано е по втор пат да се организира работилница за вино која ќе ја води врвен енолог од винаријата Стоби кој студирал енологија во Франција и е еден од најдобрите во Македонија.

Сметам дека исклучително е потребно студентите да имаат добри познавања од оваа област. За жал во угостителските објекти сеуште многу малку се обрнува внимание на послужувањето на виното, вели Василеска.кујна

Василеска кажува дека покрај на виното посебно внимание ќе му се посвети и на кафето како тема. Професорката вели дека студентите мора да сфатат дека пиењето кафе е ритуал кој си има свое значење. Треба да се знае како се подготвува, во какви филџани се служи и на каков начин. Веќе се во преговори со познат барист од Македонија кој ќе ги подучува студентите на оваа тема. Василеска кажува дека овој семестар ќе го завршат со организирање семинар за ВИП протокол бидејќи како што потенцира, во нашиов град во голема мера недостасува едуциран кадар кога имаме важни гости. Во оваа професија нема добри резултати доколку постојано не се надоградувате и не направите симбиоза на теоријата со праксата, вели Василеска.

Во почетокот кога ќе им речевме на студентите дека треба да обавуваат пракса во хотел негодуваа, но сега веќе знаат дека тоа е задолжително. Имаа одбивност и кон униформата но сега ја прифаќаат како дел од нивната идна професија, вели Василеска.

Проф. Василеска објаснува дека се размислува во догледно време да се воведат дополнителни курсеви по пекарство, слаткарство, кетеринг, како и базичен курс по нутриционизам.
Од наесен се планира да се отвори нова насока за молекуларна гастрономија што е нешто навистина специфично. Тоа е спој на хемијата и гастрономијата. Оваа насока ја има само на неколку светски факултети, потенцира Василеска, а најавува и уште една новина. Ќе се имплементира нова софтверска програма ФИДЕЛИО која се применува во најпознатите хотели во светот. Студентите кои ќе ја совладаат ќе можат без проблем да работат во најпрестижните хотелски и угостителски капацитети.

{loadposition content9}