Skip to main content

ФЗОМ со софтвер ќе ги решава проблемите на хонорарците кои уплатиле за здравствено осигурување

Според директорот на Фондот, Сашо Стефаноски, хонорарците кои морале приватно да плаќаат за здравствени услуги поради овој проблем, ќе добијат рефундирање на средствата.

 |  Мишел Наумоски  | 
fzom
фзом

Фондот за здравство со нов софтвер ќе го решава проблемот на хонорарците во однос на неможноста иако уредно уплатиле придонеси, да го користат правото од здравствено осигурување. Овој административен проблем кој настана поради новодонесениот закон за задолжително плаќање придонеси за хонорарците резултираше со тоа што постоечкиот систем на Фондот не препознаваше дека хонорарците платиле придонеси, па со тоа тие беа приморани при користењето на здравствени услуги, за истите да плаќаат приватно.

fond honorarciИако најпрво се тврдеше дека законот е во корист на хонорарците, потоа следеше барање на трпение до пронаоѓање на адекватно решение, за сега, фондот да понуди комплетно нов софтвер за надминување на проблемот.

„На тој начин што во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во пријавата за платениот придонес, автоматски софтверот ќе го препознава времетраењето на платениот придонес, и ќе се дава правото на здравствена заштита за толку дена за колку што е платен придонесот од поднесувањето на пријавата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за толку време во иднина, но не подолго од шеесет дена. Како што е за сите здравствени осигуреници по други основи во Република Македонија.“-вели  Сашо Стефаноски-Директор н Ф.З.О.М.

За сите хонорарци кои што во изминатиот период користеле здравствени услуги и за тоа платиле приватно, Стефаноски вели дека ќе им бидат рефундирани, односно надоместени направените трошоци. Еве на кој начин:

fzom ohrid„Да се обрати до подрачната служба на Фондот за здравство, да пополни соодветно барање за кое што нашите вработени во подрачната служба ќе му излезат во пресрет и подоцна ние ќе ги рефундираме средствата доколку за времетраење на услугата која што ја платил приватно, имал платено здравствен придонес.“ -рече Стефаноски.

За оваа цел, Фондот направи измени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, склучи Анекс на договор со ФПИОМ за електронска размена на податоци и изработи софтвер за електронска обработка и пресметка на времетрањето на здравственото осигурување.

Инаку, придонесот за здравствено осигурување, според новиот закон, се плаќа на разликата помеѓу примениот хонорар по основ на договор на дело/авторски договор или друг вид на договор и минималната нето плата за невработените, односно просечната нето плата за вработените, самовработените и пензионерите.

{loadposition content9}