Skip to main content

Гајдата и тапанот-животна преокупација

Гајдата и тапанот животна пасија на белчиштанецот Цветко Блажески. Животот на чичко Целе му поминува со музика, песна, игра и дружба. Неговиот дом во село Белчишта е претворен во мал етно музеј кој е чест посетен од странски туристи.

 |  Николоска Биљана  | 
tapani
тапани

Цветко Блажески од Белчишта, славна Дебрца е најстариот и најпознат мајстор за изработка на стари традиционални музички инструменти. celeПрвата гајда ја изработил на 20 годишна возраст, а веднаш после тоа и тапанот. Од тогаш па до ден денес, веќе три децении тие му се животна пасија. „Не само што ги изработувам и продавам инструментите, туку и одлично свирам на истите“, започна да ни раскажува чичко Целе. Но тој искрено жали што нема кој да го наследи. Чичко Целе смета дека надлежнте треба да направат нешто, и она малку што е останато од препознатливиот македонски идентитет да се зачува.

„ Имам деца внуци но тешко да ме наследат немаат интерес. Жалосно е ако овој занает изумри изворниве инструменти ако изумрат, жалосно е за Македонија ќе исчезни носијата тоа нацијата ја држи. Ама некако го гледам младежов не се по изворниве песни и носии“.

Чичко Целе го знаат насекаде во светот. Како добар мајстор на својот занает е познат во многу држави, така што од неговите инструменти му порачуваат отсекаде а најмногу нашите иселеници.

„Ме познаваат не само во Македонија во цел свет мене ме знаат во сите држави во Америка, во Австралија имаат од моите гајди и тапани. Прикажан сум по интернети како занаетџија и музичар не да се фала туку мене сите ме знаат“.

celeПоследниве години ќуќата на чичко Целе ја посетуваат многу холандски туристи. Таа наликува на музеј  каде во секое катче се изложени етнолошки предмети кои сведочат за начинот на живеење, традицијата и обичаите на Дебрца. „Сликаат, снимаат со камери, пиеме ракичка и убаво ни е“, кажува чичко Целе.

„Идат Холанѓаните, ги носи водич кој им кажува за се, за разбојот каде што некогаш се ткаело за алатките и за се останато. Јас кога ќе заврши тој со објаснувањето им свирам на гајдата и си правиме ќеиф“.

Чичко Целе е добро познат во јавноста и по неговите настапи на бројни фолклорни фестивали во земјава и надвор од неа. Во неговата куќа нема ѕид на кој нема благодарница или признание за неговиот допринос на манифестации. Исто така има и многу награди и пофалници. За крај кажа дека се додека има душа во него и е жив, ќе изработува и свири на инструментите кои произлегуваат од неговите вешти раце.

{loadposition content9}