Националниот парк Галичица се најде во фокусот на реномираниот меѓународен медиум BBC News на српски, кој објави приказна посветена на неговите исклучителни природни вредности, биолошка разновидност и значењето што овој простор го има на регионално и европско ниво.
– Галичица продолжува да биде препознатлива по својата уникатна природа и посветеноста кон заштита и одржливо управување, велат од НП Галичица.
-Галичица е дом на ретки растителни и животински видови. Покрај природните вредности, паркот содржи значајни културни споменици – манастирот Свети Наум, црквата „Пресвета Богородица Заумска“ и археолошки локалитети на островот Голем Град. Галичица е вистинска ризница на биолошката и културната разновидност на Балканот, велат од BBC News за нашата Галичица.
Во продолжение прочитајте ја целосната објава на BBC News на српски.