Skip to main content

Во НП „Галичица“ од денеска движење низ шумите само со претходна најава и дозвола

Мерката е воведена согласно препораките на Владата и во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
 |  инфодеск  | 
Галичица

Од денеска, 1 јули, до 31 август, ќе важи забрана за движење во шумите на територијата со која управува Јавната установа Национален парк „Галичица“, поради зголемената опасност од појава на шумски пожари.

Како што информираат од Националниот парк, мерката е воведена согласно препораките на Владата и во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во наведениот период, движењето низ шумските подрачја ќе биде дозволено само согласно пропишаните правила и процедури на ЈУ Национален парк „Галичица“.

Од установата посочуваат дека целта на мерката е заштита на природното богатство на паркот, намалување на ризикот од појава и ширење на шумски пожари, како и обезбедување поголема безбедност за посетителите.

За посета на шумските подрачја, граѓаните треба претходно да ја пријават својата посета преку електронската форма на Националниот парк. По регистрацијата, тие ќе добијат автоматска потврда на е-пошта, која треба да ја зачуваат и по потреба да ја покажат на овластено лице при контрола.

Пријави ja својата посета ТУКА

Screenshot