Ќе се гради мал до среден ски центар на Галичица
Ски центарот на Галичица ќе биде лоциран над Градиште од каде треба да поаѓа главната гондола.Стазите ќе бидат долги 15 км.
Општина Охрид сериозно пристапи кон реализација на идеата за изградба на ски центар на планината Галичица. Таа заедно со Владата на РМ во изминативе неколку месеци успеа да изнајде финансиски средства за изработка на физибилити студија за изводливост на градење на еден ваков центар кој истовремено ќе служи и за сместување на голем број гости во летниот период. Таа физибилити студија ја изведува една од најреномираните куќи за градење на скијачки центри, Елосам маунтајн рисорт планерс од Канада, а маркетингот го работел Хорати Хорват.
Таа студија покажа дека е изводливо да се изгради ски центар на Галичица. Беа посочени неколку локации по што се пристапи кон изработка на мастер план кој го работи истата канадската фирма. Според договорот таа има обврска планот да го заврши до крајот на април, вели Бакрачески
Бакрачески кажува дека во меѓувреме имале неколку координативни состаноци со Владата на РМ каде се формирал тим кој ќе работи на промоција на овај ски центар, а во исто време ќе ја следи целата реализација на проектот.
Во овој момент се работи на објавување на оглас за пројавување на јавен интерес во кој ќе бидат вклучени и економските промотори на Владата кои ќе го промовираат ски центарот кај инвеститорите насекаде во светот. Тој оглас ќе трае до крај на мај и почетокот на јуни годинава, а после тоа ќе биде распишан тендер за изведување на овој ски центар, вели Бакрачески
Локацијата на ски центарот е на просторот над Градиште и од тука треба да поаѓа главната гондола. Ќе има 15 км стази што овој ски центар го вбројуваат во мал до среден.
{loadposition content9}