ВМРО ДПМНЕ: „Најавите за автобуска и катна гаража се празни ветувања“
Во очи на утрешната седница на совет Ок на ВМРО ДПМНЕ со нови обвинувања за работата на локалната самоуправа.
„Откога во 8 години мандат Александар Петрески не успеа да остави зад себе ниту едно капитално дело во Охрид, откога поминаа пред народот сите негови лаги и манипулации, откога беа откриени сите елеманти на коруптивно владеење и незнаење, еве го Петрески во нова мисија на лажење на граѓаните на Охрид. Под превезот на наводна заинтересираност за градот, Петрески со своите соработници на Охрид му се нуди преку наводен Проект за јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во Охрид. Истата онаа која ја вети пред 8 години и никогашш не ја направи ескивирајќи го одговорот зошто излажа“. Обвини на денешната пресс конференција портпаролот на Ок на ВМРО ДПМНЕ Никола Митровиќ.
„Сега како подлога за новата кандидатура на лагата излегува со Проект за изградба на автобуска станица за кој прво нема донесено Детален урбанистички план за опфатот каде е планирана Автобуската станица, нема прецизен план и финансиска конструкција за целиот процес и на крајот на краиштата се нуди изградба на Автобуска станица по принцип на јавно приватно партнерство што само по себе ќе креира финансиски обврски на Општината кој потенцијалниот приватен партнер. Ако на тоа се додаде и член 7 од предлог одлуката за почнување на процесот дека изборот на партнерот го врши Градоначалникот ,тогаш знаејќи го искуството со коруптивното работење на Петрески може да претпоставуваме кого и како Петрески би избрал за партнер“, вели Никола Митровиќ, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Митровиќ појасни дека локалната самоуправа и досега имаше законска можност да гради на земјиште што било нејзина сопственост или сопственост на Јавно претпријатие на Општината, но тоа не го направи. Затоа според него овој процес освен што е огромна предизборна лага на Петрески е и показател на непроменетото коруптивно размислување на Петрески и неговиот тим.
Портпаролот од друга страна укажува дека ВМРО ДПМНЕ автобуската станица ќе се изгради во мандатот на Градоначалникот на Охрид од ВМРО ДПМНЕ кој ќе започне во Март 2013 година и тоа со средства од локалната самоуправа и средства од Владата на Република Македонија ,без да се генерираат обврски и долгови на Општината кон приватни партнери за ваков објект од јавен интерес.
„Петрески во корупивните мисли оди чекор понатаму и нуди ист таков процес за јавно приватно партнерство за изградба на катна гаража. Истата онаа катна гаража кај пазарот која 8 години незнаеше и несакаше да ја направи. Наеднаш сега во предизборите проработе инстинктот за лжни ветувања и катната гаража е пак дел од понудата на Петрески. Додека сите поголеми градови во Македонија изградија јавни катни гаражи Петрески за изградба на иста таква сака да го заглави повторно Охрид во финансиски обврски и долгови. Како ќе го избере партнерот е сосема јасно кога е во прашање Петрески. Но,граѓаните на Охрид веќе ги препознаа лагите на Петрески“, вели Митровиќ.
Митровиќ на крајот посочи дека Петрески нема веќе кредибилитет да ветува, затоа што тоа се лажни ветувања, нема кредибилитет да прави планови затоа што тоа се коруптивни планови, и нема кредибилитет да зборува за автобуска и катна гаража, затоа што 8 години не ги изгради. „Петрески нема кредибилитет да биде повеќе градоначалник затоа што носи штети на Охрид“, заврши портпаролот на Ок на ВМРО ДПМНЕ, Митровиќ.
{loadposition content9}