Генералниот секретар на ОН ќе помогне за решевање на спорот со името
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун вети дека ќе помогне за решевање на спорот со името.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, кој е во официјална посета на Република Македонија, најави дека лично ќе се заложи кај грчките власти за забрзување на процесот за решавање на прашањето за името. Бан Ки Мун изјави дека ќе се ангажира и за почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
„Ја нагласив мојата посветеност да олеснам брзо решение. Ќе вложиме максимални напори да разговараме со грчките власти. Веднаш по посетата, ќе го испратам својот специјален претставник Метју Нимиц во Грција за да објасни што разговаравме овде. Јас лично ќе се обидам да го исконтактирам премиерот Самарас за да помогнам во забрзувањето на тој процес. Жално е што две соседни земји не успеаја целосно да ги искористат своите потенцијали за регионална соработка, помирување и развој. ОН ќе сторат сè што е во нивна моќ да го олеснат тој процес. Се работи за долготраен проблем. Свесни за пресудата на Меѓународниот суд на правдата, ќе ги земеме предвид сите аспекти.“- истакна Генералниот секретар, Бан Ки-мун.
Претседателот на Р македнија Ѓорѓе Иванов истакна дека не е само наш, туку интерес и на Европа и на целиот свет, регионот да биде стабилен и просперитетен, за што се потребни интегративни процеси, а не меѓусебни блокади и опструкции.
Иванов со првиот човек на Обединетите нации разговарал и за имплементацијата на времената спогодба со Грција од 1995 год, во Рамки на Обединетите нации бидејќи таму е потпишана и со имплементацијата на судот во ХАГ во врска со тужбата против Грција.
„Искрено верувам дека Генералниот секретар ќе го поддржи и ќе се заложи за исполнување на ова наше принципиелно барање. Оваа рамка е дефинирана од ОН и сметаме дека македонскиот јазик, македонскиот иденититет се неоспорен факт и реалност, и нема да прифатиме да бидат предмет на ниту едни разговори или преговори. Затоа го чекаме нашиот јужен сосед на преговарачка маса, да ја градиме нашата заедничката сегашност и иднина. Подаваме рака на пријателство и добрососедство.“-истакна претседателот Иванов и потсети дека досега четири пати го поканил неговиот грчки колега Карлолос Папуљас на средба.
„Побарав од генералниот секретар при контактите кои ќе ги има со Грција да го почитуваат она што е меѓународно право. Да се почитува пресудата на меѓународниот суд бидејќи тоа е најавторитетна институција на нашата планета. Добив уверување дека генералниот секретар во прва прилика ќе разговара за овие прашања и од новата грчка влада ќе бара да го почитува она што доброволно го превзела како обврска.“-истакна претседателот Иванов.
Првиот човек на обединетите нации на средбата со македонскиот претседател д-р Ѓорге Иванов беше запознаен со напредокот на Mакедонија од нејзиното осамостојување па до денеска.
„Го запознав генералниот секретар за постигнувањата кои ги имаше македнија во изминатите 20 години. Јасно ставив до знаење и тоа со поткрепеност во сите факти и аргументи дека во сите овие изминати 20 години Р македнија докажа дека е фактор на стабилноста во регионот , а не е закана за безбедноста и мирот како што некои сакаат да не обвинуваат. Делата зад нас ги демантираат сите апсурдни обвинувања за недобрососодство и територијани претензии.“-истакна претседателот на Р. Македонија.
Претседателот Иванов и Генералниот секретар Бан Ки МУн разговараа и за состојбите во регионот, случувањата на Косово, како и за македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Генералниот секретар на Обединетите нации и неговата сопруга Бан Сун-таек во придружба на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и сопругата Маја Иванова, претпладнево го разгледаа културно –историското богатство на Охрид кој е заштитен град од УНЕСКО, организација на ОН. Во прошетката на Плаошник, Галеријата на икони, Античкиот театар и црквата Св. Богородица Перивлепта им се приклучија медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, поранешен преговарач во спорот Никола Димитров и министеркатата за култура Елизабета Канческа Милеска.
Во продолжение на посетата на Република Макеоднија, Бан Ки-мун во Скопје се сретна со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а имаше и обраќање пред пратениците во македонското Собрание, каде на парламнтрците јасно им стави до знаење дека е подготвен да помогне, во решавањето на спорот за името со Грција.
Инаку генералниот секретар на ОН во Охрид пристигна синоќа и отако го сефтоса новиот владин блиндиран мерцедес, во Вилата Билјана имеше можност да ужива во Македонскиот фолклор и сплетовите одиграни од Ансамблот Отекс од Охрид, но и да вкуси ѓомлезе и други македонски специјалитети, како и македонски вина.
{loadposition content9}