Skip to main content

Еколошка акција

Генералка викенд во Охрид

Охрид се приклучува на акцијата „Генералка викенд“ која ќе се одржи во сабота, а се организира низ повеќе општини во државата.
 |  инфодеск  | 
Генералка викенд

Во сабота на 07.05.2022 година, Охрид ќе се приклучи на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ која се организира во повеќе општини во државата.

Еколошката акција ја организира „Мен енд маунтен“ со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво.

Општина Охрид и Ј.П. „Охридски Комуналец“ се приклучуваат на акцијата, со чистење на потегот од „Билјанини извори“ до плажите „Горица“ и „Свети Стефан“. Во акцијата ќе земат учество здружението „Брег на младоста“, компанијата „Костал“ и сите општински училишта.

Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.

Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!