Георгиески најави рехабилитација на патната инфраструктура
Константин Георгиески во изборната програма како кандидат за градоначалник од СДСМ најави рехабилитација на патната инфраструктура во урабниет и рурлните делови на градот. Со тоа на Охрид ќе му се овозможи одржлив развој како туристички и културен центар.
Продолжува реконструкцијата на улици, тротоари и патеки во урбaните и руралните делови од Охрид. Нашата цел е Охрид да добие инфраструктура која ќе овозможи негов одржлив развој како туристички и културен центар, истакна на прес-конфернција Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ. По реконструкцијата на улицата Македонија и започнатите активности на Булевар Туристичка, Георгиески најави и други градежни зафати.
„ Во тек е изработка на нова Сообраќајна студија за Охрид, а имаме подготвено и значајни инфраструктурни проекти за реконструкција на неколку градски сообраќајници. Во план е реконструкција на улицата „Македонски Просветители”. За оваа улица веќе е изработен основен проект и со негова реализација централното градско подрачје ќе добие сосема нов и современ лик, кажа Георгиески.
По долги години, конечно ќе се решава проблемот со улицата „Абас Емин”, најави Константин Георгиески. Изработен е проект за реконструкција, кој е предвиден во Развојната програма за уредување на градежно земјиште.
„ Истиот ќе се реализира веднаш по реализацијата на проектите за реконструкција на водоводната линија, канализационата мрежа и атмосферската канализација на улицата. За овие три проекти е добиено одобрение за градба и истите се испратени до Министерство за транспорт и врски и се чека објавување на тендер за реализација“, најави Георгиески.
Во изборната програма на Константин Георгиески се превидени и градежни активности и реконструкции за улиците „Егејска, „7-ми Ноември”„1-ва Македонска Ударна Бригада”, делница 1, „Јане Сандански” , „АСНОМ”.