Skip to main content

Георгиески: По поразот во првиот круг фабриката за лаги и измами сместена во Белата Палата во Скопје е пуштена на најјако

Георгиески се осврна на повеќе моменти од досегашната кампања.На  ветувањата од неговиот против кадидат Милошевски дека ќе  го средува урбанистичкиот хаос му упати прашање дали  и тој  е сопственик на дивоградба. 

 |  Валентина Неловска  | 

По катастрофалниот пораз во првиот изборен круг во Охрид, фабриката за лаги и измами сместена во Белата Палата во Скопје е пуштена на најјако, кажа денеска на прес конференција, Кандидатот за градоначалник од СДСМ , Константин Георгиески. Тој се осврна на повеќе моменти од досегашната кампања и обвинувања од страна на политичките опоненти. На критиката дека раздолжувањето на општината не било по заслуга на општината туку со пари од народот Георгиески со одговор до неговиот противкандидат Милошевски.

„ Да, точно е дека тоа се народни пари. Сите пари се народни Митре. И овие со кои се раздолжуваме и оние со кои се правени Бели Палати. Не се народни само парите од душманските кредити за стиропорно Скопје со кои на сите нам и на нашите деца ни врзавте камен околу врат.Прашањето е Митре, зашто твоите не го раздолжуваа Охрид?

На обвинувањата дека општината асфалтирала, ставала бекатонки за време на избори Георгиески посочи дека и Државната изборна комисија потврдила дека работите кои се изведуваат се во согласност со планот и динамиката за работа и како такви не се спротивни на Изборниот законик. Георгиески се осврна и на ветувањето на неговиот противкадидат Милошевски дека ќе го средува урбанистичкиот хаос. За начинот на кој општината се справува со овој проблем Георгиески наведе дека општината во февруари донесе решение за поништување на одобрението за градење на хотелот во Лагадин а во март Решение за отстранување на дивградбата кај Чинарот.


„ Вистината е дека хаосот што го наследивме во сите сфери на делување е резултат на режимското владеење на твоите. Јас како в.д Градоначалник во континуитет носам законски решенија и одлуки со кои во рамки на своите ингеренции ја намалувам штетата од долгогодишните штетни политики на ДПМНЕ диригирани од корумпираното криминално здружение. Дивоградбите се голем и стар проблем за Охрид. Митре тоа многу добро го знае. Па затоа го повикувам јавно и недвосмислено да одговори пред охриѓани дали и тој градел на диво и бил или е сопственик на дивоградба? “, праша Георгиески.


На крај Георгиески кажа дека се води и кампања со која се подгреваат меѓуетнички и меѓуверски тензии за евтини политички поени. Ги повика институциите во најкраток рок да превземат мерки против, како што рече, авторите и споделувачите на текстови кои предизвикуваат национална и верска нетрпеливост. Охриѓани веќе го направија својот избор и ќе го направат повторно во недела на 5ти мај, кажа Константин Георгиески.