Георгиески: Постигнавме многу, можеме уште повеќе
„Резултатите од нашата работа се видливи, постигнавме многу, но убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе. Сега е време да продолжиме со остварување на нови цели! – кажа на првата прес конференција Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.
„Резултатите од нашата работа се видливи, постигнавме многу, но убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе. Сега е време да продолжиме со остварување на нови цели! – кажа на првата прес конференција Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ. Георгиески кој ја бара довербата на охриѓани за втор мандат, најави нови и квалитетни решенија за секој граѓанин да добие подобри услови за живот, засновани на приоритетните потреби на заедницата.
Да се бара мандат од своите, од охриѓани е голема одговорност затоа што Охрид е светско наследство и национална гордост, со овие зборови Константин Георгиески, од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ ја започна кампањата за втор мандат за Градоначалник. Георгиески на денешната прес конференција кажа дека воден од довербата и поддршката од граѓаните, заедно својот тим, цврсто чекори по патот на промените и дека е горд што заедно сме покажале дека умееме да ја искористиме историската шанса да го зачуваме богатството на Охрид.
Резултатите од нашата работа се видливи, постигнавме многу, но убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе. Сега е време да продолжиме со остварување на нови цели! Сега е време уште еднаш да се обврземе пред вас и пред себеси дека ќе работиме уште повеќе за интересите на градот. Охрид заслужува да биде град со најдобар квалитет на животот, град од кој луѓето нема да сакаат да си заминат, туку град во кој луѓето секогаш се враќаат и во кој ќе ги градат своите семејства – истакна Георгиески.
Тој посочи дека остварена е најважната мисија, реализацијата на процесот на раздолжување на општината, со што исполниле едно големо ветување кон граѓаните на Охрид.
Со плански менаџмент, направивме сериозни капитални инвестиции за реконструкција на важни градски сообраќајници и реализиравме низа големи проекти во сите основни и средни училишта, со што го подигнавме воспитно-образовниот процес на едно повисоко ниво. Бевме и остануваме исклучително посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО. Продолжуваме со уште посилно темпо во насока на зачувување на статусот на заштитен регион – додаде Георгиески.
На прес конференцијата, Георгиески најави дека има нови и квалитетни решенија за секој граѓанин да добие подобри услови за живот, а кои се засновани на приоритетните потреби на заедницата. „Креираме проекти за подобра инфраструктура, обезбедуваме подобро урбано планирање, заштита на животната средина, современ туризам, побрз локален економски развој и социјална сигурност за младите, кажа кандидатот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ кој на гласачкото ливче е под реден број 12.