Skip to main content

Герила акција за борба против трговијата со луѓе

Целта на овој перформанс беше да се покрене свеста кај младите и тие да се едуцираат за овој социјален феномен на модерно ропство, ризиците и ужасите на трговијата со луѓе, но и за начините како да се заштитат.
 |  инфодеск  | 
Трговија со луѓе

Младите волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Охрид, како сертифицирани врснички едукатори за трговија со луѓе, осмислија и реализираа едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе како дел од нивната програма за работа.

Во соработка со СВР Охрид, како герила акција го изведоа перформансот во спортската сала на средното училиште „Св. Кирил и Методиј“.  

Трговија со луѓе

Учениците и професорите можеа да проследат три сцени на кои беше претставена сексуална експлоатација, експлоатација на труд и трговија со деца, придружени од некои од најважните факти за трговијата со луѓе.

Целта на овој перформанс беше да се покрене свеста кај младите и тие да се едуцираат за овој социјален феномен на модерно ропство, ризиците и ужасите на тргвовијата со луѓе, но и за начините како да се заштитат – велат од Клубот на млади.

Трговија со луѓе
Трговија со луѓе