Германска подршка за високото образование во Македонија
За добра академска и професионална иднина на ФТУ, потребна е соработка со реномирани факултети. Во таа насока оди соработката со германските универзитети, истакна деканот на ФТУ Сашо Коруноски, кој денес во просториите на факултетот оствари средба со истакнати професори од Универзитетот Кемниц.
Германска поддршка за високото образование во Македонија. ФТУ – Охрид ја продолжува соработката со германските универзитети. Денес инсткнати професори од Универзитетот во Кемниц, Германија остварија средба со деканот и дел од професорите на Охридскиот факултет за туризам, со цел реализација на проект каде се вклучени наши професори и студенти.
„Нашата генерална идеја е да ја одржуваме жива соработката со реномираните универзитети од германија се разбира во функција за бенефит за нашите студенти и професори. 04:27+04:38 Првата цел е размена на искуства, значи штом спротиставите два модели на образование ние учиме од нивните искуства тие учат од нашите искуства и секогаш ги споделуваме“.
Иницијативата за реализација на проектот потекнала уште од пред две години во Валона, кога всушност професорката Ирина Петроска на конференција се сретнала со проф Јозеф Смит од Универзитетот во Кемниц, како што кажува проф Смит.
„На таа конференција презентирав труд за академското пишување во Европа и тој труд предизвика интерес не само во Албанија туку и кај колегите од Македонија и Црна Гора. Требаше да размислиме како ќе ја развиеме оваа соработка и со помош на колегите од Германија, дознав дека постои фондација за поддршка на Југоисточна Европа за овие проекти.
Проектот се состои во три фази, првата веќе била остварена со посетата на проф. Смит и професорката Хелен Хопс во Скопје, каде што биле прецизирани деталите за обука на колегите од Југоисточна Европа. Втората фаза била реализирана во Германија, при што колегите кои биле на обука ги запознале нашите студенти со начинот како тие ги бранат нивните дипломски и магистерски трудови, како и тоа да ги здружат студентите од Македонија, Црна Гора и Албанија на ниво на постдипломски студии за да можат на оваа тема да соработуваат меѓусебе. И последната фаза е утре кога сите студенти ќе се соберат заедно на еден културен настан од летната школа, а од понеделник секој ден една недела, ќе има обука, предавање, за да се согледа како студентите меѓусебно ги разменуваат искуствата.
{loadposition content9}