Германски “Костал“ потврди доаѓа во Охрид
Германски “Костал“ потврди доаѓа во Охрид.
Германски „Костал“ доаѓа во Охрид. Оваа компанија е водечки извозник на технолошко – напредни производи од делот на електрониката, електромеханиката и мехатрониката за автомобилската и други сродни индустрии. Инвестицискиот план на “Костал“ за Охрид, се поклопува со локалната стратегија за економски развој на градот. Во почетокот на 2015-та година ќе почне како браунфилд инвестиција во некој од постоечките стопански објекти во Охрид, за по две години да се трансформира во целосна гринфилд инвестиција во ТИРЗ Охрид- Струга, најави охридскиот градоначалник Бакрачески.
„ Во фабриката на “Костал“ во наредните 2-3 години етапно, се очекува да бидат работно ангажирани над 1.000 работници и стручен кадар од разни профили. Но, индиректно, оваа инвестиција преку создавање на мрежа од локални компании – кооперанти и фирми добавувачи, отвора сериозна можност бројот на вработувања да биде многу поголем бидејќи намерата на компанијата е да ги искористи сите сродни локални капацитети и вештини за да ги задоволи потребите за успех“, подвлече градоначалникот.
“ОДВ- Електрик“ и најавената „Костел“, се две инвестиции во областа на автомобилската индустрија, кој ветуваат стопанско воздигнување на Охрид, укажа охридскиот градоначалник. Бакрачески најави заинтересираност на уште две компании од областа на производство на трансформатори и далноводи, кој пројавиле интерес за рестартирање на делови од охридски ЕМО.
{loadposition content9}