Охридската гимназија меѓу 10-те најуспешни училишта на обука за вештачка интелигенција

Охридската гимназија се најде меѓу 10-те најуспешни училишта во деветмесечната обука за вештачка интелигенција, организирана од Министерството за образование и наука во соработка со Brainster Next.
Успех постигнаа и тројца професори од училиштето. Кристина Љубисављевиќ Петровска се најде меѓу 10-те најуспешни наставници, додека Надица Николоска Филипоски и Ѓоко Доревски беа рангирани меѓу 100-те најуспешни учесници.

По завршувањето на обуката, најуспешните наставници и училишта добија сертификати и признанија за постигнатите резултати и стекнатите знаења.
Од гимназијата посочуваат дека овие признанија се потврда за посветеноста на наставниот кадар кон професионалното усовршување и примената на современите технологии во наставата, со цел учениците да стекнат знаења и вештини за креативно, критичко и одговорно користење на вештачката интелигенција.




